Почитувани иселеници!
На допис од Агенцијата за иселеништво до Министерството за внатрешни работи, по реакциите на иселениците за некоректно и непрофесионално однесување на шалтерските службеници низ институциите и граничните премини, од страна на Министерството за внатрешни работи добивме известување дека Бирото за Јавна Безбедност и Оддел за гранични работи и миграции постојано превземаат мерки и активности за откривање и спречување на злоупотреби и коруптивни дејствија од страна на полициските службеници. Исто така во континуитет се организираат обуки во склоп на Антикорупциската програма на Министерството за внатрешни работи.
Воедно од страна на Министерството за внатрешни работи апелираат доколку има било каква злоупотреба или непрофесионален однос од страна на полициски службеник, во најкраток можен рок настанот да се пријави на електронската пошта: prijavi_i_poplaki@moi.gov.mk, на дежурните телефонски броеви или најблиската полициска станици со цел превземање на соодветни мерки.
Во рамки на надлежноста за грижата на правата и положбата на иселениците, Агенцијата за иселеништво во континуитет ги пренесува потребите и проблемите на иселениците до соодветните институции со цел нивно запознавање и изнаоѓање на решенија.
Директор,
Слободан Близнаковски