Прва македонска трибина на Македонките во Виена, Австрија
Под наслов „Крилјата на хероината“, во организација на MS KreaHub
На 21 ноември 2026 година, за првпат во Виена се организираше првата женска трибина на Македонките во Виена, Австрија.
Настанот обедини различни генерации жени, професии и животни приказни, со цел да поттикне поврзување, слободно изразување, чувство на припадност и меѓусебна поддршка.
Искрена благодарност до:
- Сите гостинки – хероини од Виена, Скопје, Грац, Салцбург и Словачка, кои со своето присуство создадоа прекрасна женска целина, споделија идеи, разменија искуства и отворија можности за заеднички проекти, соработки и идни настани.
- Членовите на Амбасадата на Република Северна Македонија во Виена – Зимер Ислами Фера и Синиша Иванковиќ, за довербата, поддршката и гостопримството.
- Нашата особено драга Хилда Колевска, која веднаш го препозна потенцијалот и визијата на MS KreaHub и безрезервно го поддржа.
- М-р Лидија Јованов, психолог – за професионалниот пристап, стручната презентација и охрабрувањето на жените да сфатат дека припадноста е процес и истовремено да почувствуваат припадност и да ја препознаат вредноста на заедништвото.
Осумте говорнички – за храброста, отвореноста, споделените знаења, искуства и инспиративни животни приказни:
- Горица Атанасова-Ѓоревска
- Маја Киселоска
- Александра Младенова
- Маргот Волмутер
- Емилија Николовска
- Дијана Заовска
- Маја Тренески
- Лејди Ди
КУД „Македонка“ – за автентичниот традиционален настап со „Македонско девојче“, со кој го отворија настанот и ја истакнаа убавината и автентичноста на македонската жена, традиција и култура.
Powerdance – за уметничката кореографија на „I’m Every Woman“, подготвена по повод овој настан, песна која во светски рамки е симболична химна на женската самодоверба и заедништво.
Организацискиот тим – за модерирањето, техничката поддршка, фотографирањето, репортажата, кетерингот и приемот на гостите:
- Младен Тодоровски
- Роберт Јованов
- Маро Бора
- Марина Маримар
- Александар Алекс Тренески
- Марија Мицкоска
- Оливера Домазетовски
- Даниела Бојческа
И сите останати кои се вклучија во поддршката.
Членовите на нашите семејства – за несебичната посветеност и трудот кој го инвестираа во целиот проект, без кои настанот немаше да ја достигне својата впечатливост. 🤍
Verein MS-Kreahub
MS Kreahub & Quelle – Vienna
ДА ЛЕТАМ ЗАЕДНО…



