Home » Уште една недела до најдобрата урбана македонска забава во Германија!

Уште една недела до најдобрата урбана македонска забава во Германија!

by Simona Stoleska
4 views

Антониа Гиговска, Тина Русева и Тони Зен – сите на свој начин посебни, секој со свој придонес да имаме ваква професионална музичка сцена, секој од нив Македонец…

И да, дојдете со децата, бабите и дедовците! Ние во дијаспората треба да ја користиме секоја прилика да се собереме, да се дружиме, да нè видат колку сме… Децата да ги запознаат Антониа, Тина и Тони и нивните модерни хитови, а за бабите и дедовците и сите македонски родољуби нема да изостане и македонската народна песна!

Ќе има вкусна и проверена македонска скара за секоја гладна уста, ќе има и маси во задниот дел на салата за постарите или за тие што имаат потреба да седнат, а напред ќе биде журката, непосредно пред бината, со нашите музички ѕвезди.

П.С. Стоечките маси се веќе сите резервирани!

Битно е да ја поддржиме македонската музика, затоа што туѓите секојпат ги величаме, но ние сме сигурни дека нашите пејачи се едни од најквалитетните во светски рамки и треба многу повеќе да ги цениме!

Информации за настанот:

  • Датум: 21 ноември 2026 година
  • Време: 19:00 часот
  • Адреса: Kirchplatz 14, 42651 Solingen, Германија

Во оваа прилика ги поздравуваме сите симпатизери и членови, но и поддржувачите на „Македонско сонце – Дизелдорф“:

  • Zlatko Naumovski
  • Sanja Milcheva
  • Sasko Gijevski
  • Tomislav Ristoski
  • Zorica Ristov
  • Sunny Taste – Mazedonische Weine & Spirituosen
  • 12 Apostel in der Waldschenke Hilden
  • ZTP Technik GmbH
  • Trajce Petrov
  • NDC Arbeitsmedizin
  • Sonja Deksn

Кои знаат да го ценат тоа што го правиме и знаат да го препознаат квалитетот на нашите настани!

Овој концерт се одржува во соработка со Legacy Entertainment Group и Македонскиот културен клуб „11 Октомври“ – Солинген.

Се гледаме!

Билети и повеќе информации:
https://www.ticketplus.com.de/event-details-registration/antonia-gigovska-dizeldorf

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе