Home » 15 години Здружение „Камен Мост“ – Канели и Ница Монферато

15 години Здружение „Камен Мост“ – Канели и Ница Монферато

by Simona Stoleska
7 views

15 години сплотеност, традиција, култура и љубов кон Македонија!

На 22 ноември 2026 година, во Ница Монферато, Италија, свечено се одбележа значајниот јубилеј – 15 години од постоењето и успешното дејствување на Здружението „Камен Мост“ – Канели и Ница Монферато.

Овој значаен јубилеј претставува потврда за петнаесетгодишната посветеност на зачувувањето, негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, култура, традиција и национален идентитет во регионот Пиемонт, Италија.

Прославата започна со свечен прием и официјални обраќања на истакнатите гости и претставници на институциите.

Прва се обрати претседателката на Здружението, Илона Захариева, која упати искрена благодарност до општините Канели и Ница Монферато за континуираната поддршка, соработката и придонесот во работата и развојот на Здружението.

Свои обраќања имаа и:

  • Симоне Носенцо, градоначалник на Ница Монферато;
  • Мауро Стропиана, заменик-градоначалник на Канели;
  • Дон Паолоно, претставник на Католичката црква;
  • Фросина Ременски, конзулка во Македонскиот конзулат во Венеција;
  • Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво, кој додели плакета како признание за 15-годишната посветена работа на Здружението „Камен Мост“ во зачувувањето и промовирањето на македонската култура, традиција и идентитет во Пиемонт, Италија.

По официјалниот дел, прославата продолжи во празнична атмосфера, исполнета со музика, дружење, радост и македонски дух.

Раководството на друштвото упати искрена благодарност до општините Канели и Ница Монферато, до институциите, гостите, соработниците, членовите и сите пријатели на Здружението, кои низ годините беа дел од оваа приказна.

Здружението „Камен Мост“ и понатаму ќе продолжи да биде мост што поврзува – мост меѓу Македонија и Италија, меѓу минатото и иднината, меѓу корените и новите генерации.

15 години „Камен Мост“ – затоа што корените не се забораваат, културата се чува, а традицијата се пренесува!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе