Home » Средба со директорот на Агенцијата за иселеништво за зајакнување на соработката со македонската дијаспора во Австралијa

Средба со директорот на Агенцијата за иселеништво за зајакнување на соработката со македонската дијаспора во Австралијa

by Simona Stoleska
4 views

Содржајна средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов, во рамките на официјалните подготовки пред моето упатување на мандат во Амбасадата на Република Македонија во Канбера, Австралија.

Разговаравме за конкретни планови за поддршка на Македонците во Австралија и за унапредување на соработката со македонските здруженија и организации. Посебно внимание посветивме на идните активности во насока на зачувување и промовирање на македонскиот јазик, култура и традиција, јакнење на врските со татковината и можностите за заеднички иницијативи.

Му благодарам на директорот Горан Ангелов за отворениот разговор и размената на идеи, збогатени со неговото знаење и искуство во разни области.

Со задоволство го очекуваме следната година во Австралија, каде што заедно со македонската заедница ќе имаме можност да придонесеме за нивна реализација.

Моето работно искуство во Генералниот конзулат во Мелбурн и можноста одблиску да ги запознам нашите луѓе во Австралија дополнително ме поттикнуваат на уште попосветен ангажман, со внимание кон нивните потреби и приоритети.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе