3
Со огромна чест и задоволство директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов и заменик на директорот Фатлум Јусуфи остварија средба со големиот хуманитарец, филантроп, г-дин Сафет Алили од Луксембург.
Разговараа за организираноста на иселеништвото во Луксембург на културно и хуманитарно поле, зајакнувањето на врските со татковината и можностите за понатамошна соработка при организирањето на македонскиот штанд на деновите на миграциите во Луксембург во март 2027 година.
Во оваа пригода г-дин Сафет подари примероци од неговата новоиздадена книга „Позитивна мисла – водич низ животот“, како продолжение на хуманитарната мисија, преку пишаниот збор.