среда, ноември 11, 2026
Home » Македонската православна црква „Пресвета Богородица“ во Локарно, Швајцарија, доби сопствен храм по три децении посветеност

Македонската православна црква „Пресвета Богородица“ во Локарно, Швајцарија, доби сопствен храм по три децении посветеност

by Simona Stoleska
3 views
Денес на големиот празник посветен на Св. Димитрија Солунски, Македонската Православна Црква ,,Пресвета Богородица” во Локарно, доби свој Храм кој ќе биде втор дом на верниците кои живеат во Тичино, Швајцарија. После приближно три децении посветеност, заложба и макотрпна работа на членовите, управните одбори, свештените лица и парохјаните, се постигна успехот да се купи сопствен објект од Евангелско реформираната црква во Тичино.
Согласно програмата, во раните утрински часови се одржа Света Литургија водена од Отец Драги, Евангелско-реформирана Богослужба во чест на предавањето на објектот, а почесни обраќања имаа градоначалникот на Општина Локарно, Никола Пини, претседателот на Црковната општина Стојанчо Илиев, Отец Драги и претставници на Евангелско-реформираната црква. Од страна на македонската амбасада во Берн присуствуваше Министер советник Славица Јовановска и Билјана Костова како претставник од Агенцијата за иселеништво. Покрај Отец Драги од страна на Европската епархија присуствуваше Отец Климент од Пјаченца. По свеченото примопредавање се послужи заеднички ручек подготвен од страна на верниците.
Слава му на Бога! За многу години!!!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе