среда, ноември 11, 2026
Home » Околу 70 ученици го изучуваат македонскиот јазик во кантонот Тичино, Швајцарија

Околу 70 ученици го изучуваат македонскиот јазик во кантонот Тичино, Швајцарија

by Simona Stoleska
2 views
Наставата по македонски јазик во Кантон Тичино,Швајцарија, е една од поорганизираните настави по македонски јазик во иселеништвото. Ја води наставничката по македонски јазик Ана Тимовска Митрева ангажирана од Министерството за образование и наука на Македонија, 18 години по ред.
Во градовите Муралто, Локарно, Минузио и Солдуно се одвива наставата секој работен ден од понеделник до петок во пет училишта од I до IX одделение. Наставата ја следат околу 70 ученици според програмата на Биро за развој на образованието. Наставата има поддршка и од локалните власти така што учениците настапуваат на повеќе мултикултурни манифестации организирани од градот и другите заедници. Освен учење на јазикот, во рамки на училиштето се негува фолклорна, пејачка и рецитаторска секција. Агенцијата за иселеништво ја поддржува наставата со учебен и едукативен материјал и други содржини.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе