9
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов за време на службениот престој во Кралството Шведска ја посети Македонската Православна Црковна Општина „Св.Кирил и Методиј“ во Гетеборг, каде присуствуваше на неделната Литургија по повод празникот „Собор на Сите Македонски Светители“ служена од страна на Отец Евтим Велкоски.
По Богослужбата директорот оствари средба со Управниот одбор и верниците, каде се разговараше за активностите на Агенцијата за иселеништво, за потребите и проблемите кои ги имаат иселениците во Шведска, како и за текот и развој на процесот за откуп на земјиштето и изградба на нов православен Храм со соодветно архитектонско решение.
Директорот Ангелов се заблагодари за срдечниот пречек и подари икона од Воскресение Христово, во знак на долгогодишна соработка и заемна поддршка.



