Home » ИЗВЕСТУВАЊЕ за средно образование со Македонска диплома

ИЗВЕСТУВАЊЕ за средно образование со Македонска диплома

by Simona Stoleska
9 views

Приватното средно училиште “САБА” заедно со Агенцијата за
иселеништво на Република Северна Македонија нуди можност за
средношколците, наши иселеници во Европа и пошироко, да учат средно
училиште на Македонски јазик и да се стекнат со диплома за завршено
четиригодишно средно образование призната и во Македонија и во странство.
Приватното средно училиште “САБА” веќе 19 години успешно работи во
Скопје. “САБА” е средно стручно училиште со три насоки: Дигитален маркетинг,
Информатика и Право. Учениците кои може да се запишат во САБА се од 14 до
18 години, односно во прва, втора, трета и четврта година средно образование.
Училиштето “САБА” е верифицирано од Министерството за образование на Р.
С. Македонија. На крајот од четврта година учениците полагаат државна
матура и со тоа добиваат диплома за завршено четиригодишно средно стручно
образование. Со таа диплома може да се запишат на било кој факултет во
Македонија и во странство.
Во изминативе неколку години има навистина голем интерес од ученици
од странство, односно деца на наши иселеници во Европа и пошироко.
Токму затоа, оваа учебна година го нудиме Online моделот на “САБА”,
преку кој учениците кои не живеат во Македонија можат да ги следат часовите
on line, а полагањето на завршните испити во прва, втора и трета година, како и
државната матура на крајот од четврта година, ги полагаат на крајот од
учебната година во училиштето во Скопје.

За дополнителни информации околу запишувањето и следењето на
наставата може да не контактирате на:
Меил: saba@saba.edu.mk или info@saba.edu.mk
Телефон/ Viber/ WhatsApp +389 78 384 005

Ангела Неновска Крстевска
Координатор
Приватно средно училиште “САБА”

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе