На 11 август 2026 година ќе се одржи редовниот Австралиски попис на населението. Точните одговори се важни за реално прикажување на бројноста и потребите на македонската заедница во Австралија. Учеството е задолжително за сите лица кои таа вечер се наоѓаат во Австралија, вклучително и посетителите со привремени визи. Внимателно одговорете на прашањата за потеклото, јазикот и верата и следете ги официјалните упатства. Споделете ја оваа информација со вашите блиски за секој Македонец да биде правилно евидентиран.
