Home » Посета на Спортскиот клуб „Вардар“ во Гетеборг

Посета на Спортскиот клуб „Вардар“ во Гетеборг

by Simona Stoleska
6 views
Во рамки на посетата на македонската заедница во Гетеборг, Шведска, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, го посети Спортскиот клуб „Вардар“ во Гетеборг, каде оствари средба со членовите на Управниот одбор, бившите фудбалери и ,,Пензионерскиот актив”.
Спортскиот клуб „Вардар“ е еден од убавите примери за истрајност и посветеност кон македонскиот спорт и заедница. Фудбалскиот клуб е основан пред повеќе од 50 години, а денес се натпреварува во четвртата шведска лига. Клубот има и машка и женска екипа, а располага со сопствени простории и сопствен стадион.
Една од важните цели е клубот да ги привлече младите и новодојдените Македонци во Шведска, создавајќи простор за спорт, дружење и заедништво, но и можност преку спортот да се промовираат Македонија, македонската култура и традиција.
Заедно да ја чуваме традицијата, да ги поврзуваме генерациите и да ја промовираме Македонија таму каде што живеат нашите иселеници.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе