Посетете ја прекрасната веб-страница на Канадско-македонското историско друштво (Canadian Macedonian Heritage Society), на која ќе се запознаете со историјата на Македонците кои пред повеќе од еден век пристигнале во овој дел од северноамериканскиот континент.
На страницата е претставена вистинска ризница од непроценлива вредност, која содржи:
- Библиотека со 2.614 каталогизирани единици;
- 94 статии;
- 209 видеа;
- 98 прозни и поетски дела.
Веб-страницата е достапна на македонски и англиски јазик.
Посетете ја веб-страницата: macedonianhistory.ca/mk