5
Во храмот „Св. Наум Охридски“ во Малме, Шведска, денес на денот посветен на Св. бесреб. Кузман и Даман беше отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија, во рамките на свеченостите по повод 20-годишнината од интронизацијата на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен.
Со Литургијата началствуваа Митрополитот г. Пимен и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештенослужители од Европската епархија на МПЦ – ОА. На овој значаен духовен собир присуствуваше директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, директорката на КОВЗ Оливера Трајковска, претставници на Македонската амбасада во Шведска, претставници на шведските институции и Шведската црква, како и бројни гости и верници.
За многу години!



