Home » Средба во Копенхаген за зајакнување на институционалната поддршка на македонската дијаспора во Данска

Средба во Копенхаген за зајакнување на институционалната поддршка на македонската дијаспора во Данска

by Simona Stoleska
6 views
Во рамки на посетата на Копенхаген, директорот Горан Ангелов оствари пријателска средба во Амбасадата на Република Северна Македонија, каде беше пречекан од амбасадорот Фадил Зендели.
На средбата, заедно со директорката на Комисијата за односи со верските заедници, г-ѓа Оливера Трајковска, и митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, г. Јосиф, се разговараше за активностите на македонската заедница во Данска, нејзините потреби, предизвици и можностите за поголема институционална поддршка.
Посебен акцент се стави на зачувувањето и негувањето на македонскиот и албанскиот јазик, културата, традицијата и духовното наследство, како и на создавањето подобри услови за образовните, културните и верските активности на нашите сонародници.
Преку отворен дијалог, координација и континуирана соработка меѓу институциите и дипломатските претставништва можеме да дадеме значаен придонес во поддршката на македонските иселеници надвор од татковината.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе