Home » Македонската и француската химна одекнаа во Коломбел во чест на жртвите од Првата светска војна

Македонската и француската химна одекнаа во Коломбел во чест на жртвите од Првата светска војна

by Simona Stoleska
4 views
КОЛОМБЕЛ, НОРМАНДИЈА, 11 ноември 2026 – Со интонирањето на македонската и француската химна започна комеморацијата во Коломбел по повод 108-годишнината од примирјето со кое заврши Првата светска војна.
На покана на градоначалникот на Коломбел господинот Марк Потиеа на церемонијата присуствуваа претставници на македонско-француските здруженија „Илинден 1903“ и „Заборавени Македонци“, членови на македонската заедница во Франција, како и амбасадорот на Македонија во Франција, проф. д-р Игор Николов, придружуван од делегација на Амбасадата.
Во Градината на сеќавањето и мирот присутните им оддадоа почит на загинатите војници и на цивилните жртви од Првата светска војна. Спомен-обележјето, со натписи
на француски, германски и македонски јазик, претставува симбол на сеќавањето, помирувањето, мирот и пријателството меѓу народите.
Повеќе од еден век по завршувањето на Големата војна, пораката од Коломбел останува актуелна: сеќавањето на жртвите не претставува само оддавање почит кон минатото, туку и обврска кон идните генерации да ги негуваат мирот,
солидарноста и пријателството меѓу народите.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе