Home Соопштенија Каде да пријавите неправилности

Каде да пријавите неправилности

by Марко Стоименовски
69 views

Почитувани иселеници!

На допис од Агенцијата за иселеништво до Министерството за внатрешни работи, по реакциите на иселениците за некоректно и непрофесионално однесување на шалтерските службеници низ институциите и граничните премини, од страна на Министерството за внатрешни работи добивме известување дека Бирото за Јавна Безбедност и Оддел за гранични работи и миграции постојано превземаат мерки и активности за откривање и спречување на злоупотреби и коруптивни дејствија од страна на полициските службеници. Исто така во континуитет се организираат обуки во склоп на Антикорупциската програма на Министерството за внатрешни работи.

Воедно од страна на Министерството за внатрешни работи апелираат доколку има било каква злоупотреба или непрофесионален однос од страна на полициски службеник, во најкраток можен рок  настанот да се пријави на електронската пошта: prijavi_i_poplaki@moi.gov.mk, на  дежурните телефонски броеви или најблиската полициска станици со цел превземање на соодветни мерки.

Во рамки на надлежноста за грижата на правата и положбата на иселениците, Агенцијата за иселеништво во континуитет ги  пренесува потребите и проблемите на иселениците до соодветните институции со цел нивно запознавање и изнаоѓање на решенија.

Директор,

Слободан Близнаковски

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!