MS KreaHub & Quelle Ве поканува на првата ЖЕНСКА ТРИБИНА наменета за македонските жени во Австрија, под наслов „КРИЛЈАТА НА ХЕРОИНАТА“
Секоја жена има своја приказна. Секоја приказна носи сила. А секоја сила заслужува да биде препознаена.
Постојат жени кои секојдневно градат мостови помеѓу два света. Жени кои со храброст ги прифаќаат промените, создаваат нови почетоци, ги надминуваат предизвиците и истовремено ги негуваат своите корени, вредности и идентитет.
Токму ним им ја посветуваме оваа вечер.
Со особена чест и задоволство ве покануваме на женската трибина „Крилјата на хероината“ – настан посветен на женската сила, достоинството, интеграцијата и моќта на меѓусебната поддршка.
ШТО ВЕ ОЧЕКУВА?
Стручно предавање
М-р Лидија Јованов (психолог) – Inner Home
Инспиративна панел-дискусија – пет жени, пет различни животни патишта и автентични приказни за храброста, истрајноста, личниот развој и успехот.
Отворен дијалог – простор за прашања, размислувања и размена на искуства за животот помеѓу две култури.
Поврзување и нови можности – средба на жени со различни професионални и животни искуства, обединети преку желбата за соработка, охрабрување и заеднички напредок.
Нашата цел е повеќе од една инспиративна вечер, нашата цел е традиција која ќе ги обедини Македонските жени во Австрија.
Сакаме да поттикнеме дијалог кој продолжува, познанства кои прераснуваат во соработка и поддршка која создава вистински можности.
Затоа што кога жените ги споделуваат своите искуства, не се менуваат само личните приказни – се создаваат можности за промени во целата заедница.
Датум, време и место
Датум: Сабота, 21 ноември 2026 година
Прием на гости: 17:00 часот
Почеток на програмата: 18:00 часот
Место: Амбасада на Република Северна Македонија во Виена
(Kinderspitalgasse 5/2, 1090 Wien)
Присуството е со задолжителна претходна пријава, согласно безбедносниот протокол на Амбасадата.
Ве покануваме да бидете дел од една вечер во која женските приказни ќе добијат глас!
Да се запознаеме. Да се поврземе. Да се поддржиме.
Организатор: MS KreaHub & Quelle – Wien
Со поддршка на: Амбасадата на РС Македонија во Виена
Facebook настан: „Крилјата на хероината“ – Повеќе информации за настанот