Home » Свечена света архиерејска литургија по повод 20-годишнината од интронизацијата на митрополитот г. Пимен

Свечена света архиерејска литургија по повод 20-годишнината од интронизацијата на митрополитот г. Пимен

by Simona Stoleska
7 views
Во храмот „Св. Наум Охридски“ во Малме, Шведска, денес на денот посветен на Св. бесреб. Кузман и Даман беше отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија, во рамките на свеченостите по повод 20-годишнината од интронизацијата на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен.
Со Литургијата началствуваа Митрополитот г. Пимен и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештенослужители од Европската епархија на МПЦ – ОА. На овој значаен духовен собир присуствуваше директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, директорката на КОВЗ Оливера Трајковска, претставници на Македонската амбасада во Шведска, претставници на шведските институции и Шведската црква, како и бројни гости и верници.
За многу години!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе