Home Соопштенија Реакција на напис објавен на religija.mk

Реакција на напис објавен на religija.mk

by Марко Стоименовски
31 views

До „РЕЛИГИЈА МК“

ПОЧИТУВАНИ!

Во врска со информација на вашиот портал дека, цитираме: Агенцијата за иселеништво јавно ја поддржува  Декларацијата за наводна заштита на името на МПЦ-ОА, организирана од една политичка партија и Владиката Петар преку Епархијата што ја администрира во Австралија, ве известуваме дека:

Агенцијата за иселеништво на својата интернет страна пренесува информации и објави на иселеници и иселенички организации без рецензија и не стои позади содржините на истите. Секоја информација или вест има наведено  извор и истата е објавена во согласност на правилата и политиките на изворот, било да е друг портал, медиум, иселеничка интернет страна или фејсбук профил.

Во предметната објава за декларацијата, истата е пренесена од страна на фејсбук профилот на „Македонска Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд“, што за Агенцијата за иселеништво е иселеничка организација како и сите други, поради што самата објава е сместена во рубриката „Иселенички страни“,  „АВСТРАЛИЈА“ како и сите други вести кои се превземени од организации од Австралија.

Агенцијата за иселеништво не објавува содржини со политички карактер и не пренесува ставови на ниту една политичка партија, ниту пак навлегува во внатрешните работи и ставови на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија.

 

Со почит,

Директор

Слободан Близнаковски

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!