Home Активности на Агенцијата за иселеништво Остварена работна средба помеѓу директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски

Остварена работна средба помеѓу директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски

by Марко Стоименовски
26 views

На 07.09.2023 година, во просториите на општина Македонска Каменица, се одржа средба помеѓу директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

 

На средбата, како заеднички интерес,  беа истакнати повеќе реализирани активности, особено  успешно остварената иселеничка средба во месноста Цера кај Македонска Каменица, настан што традиционално се одржува кон крајот на август.

Првите луѓе на Агенцијата и на локалната самоуправа во Македонска Каменица, договорија и спроведување на други активности од взаемен интерес, пред сѐ поврзани со промоција на Општината низ комуникациските канали на Агенцијата за иселеници, како и друг тип на поддршка.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!