Home Иселенички Страни Централниот совет на Македонците во Германија потпиша Меморандум за соработка со Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Централниот совет на Македонците во Германија потпиша Меморандум за соработка со Македонското друштво “Илинден“-Тирана

38 views

Централниот совет на Македонците во Германија преставувано од претседателот г-дин Роберт Кленкоски, потпишаа Меморандум за соработка со Македонското друштво “Илинден“-Тирана од Република Албанија преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, со цел промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, македонски јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво.

Двете Здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги реализираат заедничките цели преку взаемни проекти. Нивна цел ќе биде да спроведуваат истражувања, креирање, развој и промоција на Македонската култура, размена на деца и младинци како учесници во разни манифестации, како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации.

https://zentralratdermakedonen.de/mk/%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3/

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!