80
Повик за упис на настава од далечина (он-лајн настава) по македонски јазик за учебната 2026/2027 година
Агенцијата за иселеништво неколку години по ред огранизира учење на македонскиот јазик од далечина (он-лајн) за децата со македонско потекло што живеат во странство.
Наставата започнува на 6 Октомври 2026 година и ќе трае до 10 јуни 2027 година, а форматот е 4 часа неделно, по два за секој степен. Претходно ќе има проверка за степенот на познавање на македонскиот јазик за соодветно формирање на паралелки.
Линкот и термините за часовите се:
Понеделник –
почетно ниво од 18.00 до 18.45
напредно ниво од 18.45 до 19.30
Четврток –
почетно ниво од 17.00 до 17.45
напредно ниво од 17.45 до 18.30
Сите заинтересирани можат да се пријават на електронската адреса на Агенцијата за иселеништво:
info@minisel.gov.mk, истовремено можат да влезат на линкот бидејќи е отворен.