13
Се одржаа четвртите по ред „Мелнички иселенички средби“
Селото Мелница, во Општина Чашка, и оваа година беше домаќин на културниот настан „Мелнички средби 2026″ кои се одржаа во вторник на 21 јули, со почеток во попладневните часови. Четвртите по ред „Мелнички средби“ имаа за цел поврзување на иселените Мелничани од Швајцарија, Германија, Шведска, Турција и САД и прослава на заедништвото, традицијата и културата.
Организатор на средбата е Здружението на граѓани за граѓански иницијативи „МЕЛ – МЕЛ 2023“ од Мелница, во соработка со здружението „МАК–МЕЛ“ од Бургдорф, Швајцарија и огранокот во Бон, Германија, со поддршка од Општина Чашка и Агенцијата за иселеништво.
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов во своето обраќање го истакнаа значењето на овие културни настани за чувањето на традицијата и културата во иселеништво, како и одржувањето на врските со татковината.
На забавниот дел настапија Kултурното уметничко друштвo ,,Девојките од Мелница” Културно-уметничкото друштво „Керамичар” и ,,Анета бенд”


