6
Според програмата учесниците на Музичко-етнолошкиот камп денес имаа можност да посетат копаничарска работилница каде имаа можност сами да ги користат потребните алати и да обработуват дрво, да креират резби. Исто така беа топло пречекани од ткајачката Ана која им презентираше ткаење на дипла и имаа можност да ткајат со разбојот.
Во вечерните часови имаа забавна вечер со ди џеј, логорски оган со многу дружење, силни емоции и песни игри и многу многу љубов!



