6
За време на службениот престој во Малме по повод 20 годишниот јубилеј од интронизацијата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов денес оствари посета на Лутеранската црква
,,Св. Никола” црква на морнарите.
За време на посетата Македонската делегација составена од Митрополитот Пимен, Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, Протојереј ставрофор Блажо Кожарски од МПЦО Св. Наум Охридски Малме, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов и директорката на КОВЗ, Оливера Трајковска, остварија средба со Гунила Халонстен (Gunilla Hallonsten), претставничка на Шведската Лутеранска црква во Малме.
На средбата беше истакната одличната соработка и заемната почит меѓу Шведската црква и Македонската православна црква во Малме.
Присутните беа накратко запознаени со историјата на црквата која била главно светилиште за морнарите пред заминување на пловидба, така што и надворешниот изглед на брод ја докажува врската со морепловската традиција.
Особено впечатлив е архитектонскиот изглед на горниот кат на црквата, обликуван во форма на брод, кој и денес ја сведочи историската поврзаност на храмот со поморската традиција и духовниот живот на морнарите.
Во знак на благодарност за срдечниот прием и поддршката на нашата црква и духовниот живот на македонските православни верници во Шведска, директорот Ангелов подари книга со содржини од културното наследство на Македонија.



