ПРОСЛАВА НА 8-МИ МАРТ ВО МПЦ СВ. ИЛИЈА
Во очи на Меѓународиот Ден на Жената 8-ми Март, женската секција која работи во склоп на македонската православна црква св. Илија од Мисисага организираше свечена прослава во просториите на банкетната сала.
Оваа традиционална вечер предизвика голем интерес кај Македонките кои и во текот на целата година се вклучени во работата на црквата и женската секција, како столб на сите активности, пред се’ верските празници каде што се чува и негува македонската православна вера и традициите.
Вечерта ја отвори претседателката на женската секција Весна Трајковска која во знак на благодарност на своите соработнички, истакнати Македонки им врачи признанија за заслуга во работата и тоа на: Виолета Јованова, Елена Лука, Валентина Точковска, Љубица Лесаж, Весна Гроздановски, Бисерка Несторовска, Сашка Јовчевска, Роса Ситновска и Нина Миланова.
Со едноминутно молчење и беше оддадена почит на неодамна упокоената поранешна градоначалничка на градот Мисисага Хејзел Мекалион која беше верна пријателка на македонската православна црква Св. Илија и чест гостин на 8-мо мартовските и божикните прослави кадешто знаеше да заигра македонско оро покрај својата пријателка Тодорка Мачковска, позната и призната дарителка во црквата.
По отслужената богата посна вечера македонските дами и заиграа на наш начин со весела музика во изведба на гостинката од Рочестер, Соединетите Американски Држави Жаклина Маркоски и локалните музичари: Оливер Петковски, Стив Штутевски и Веле Тошевски. Најавеното гостување на младиот пејач Ташко Каранфиловски не се оствари од оправдани причини и новонастанати ситуации во Европа, но неговата средба со љубителите на добрата музика посебно онаа од преспанскиот крај сигурно ќе се реализира во некоја следна прилика. На прославата на 8-ми Март во црквата Св. Илија присисуствуваа бројни дами од македонската заедница во Канада, и останатите македонски сестрински цркви. Беше извлечена богата лотарија со главна награда телевизор донирана од Македонките за Македонките.
Претседателката на женската секција Весна Трајковска за весникот ,,Македонија,, изрази неизмерно задоволство и радост по прославата, искажувајќи им благодарност на сите присутни дами, на тимот кој работеше вредно и во кујната и на барот, како и за послужувањето на гостинките. ,,Моја искрена желба е –вели госпоѓа Трајковска, и натаму одличната соработка и сплотеност да трае и да се развива за добробит на црквата Св. Илија од Мисисага’’.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02kzoft1JnFzu8anDFEMAxMijR16MBfZS7vMetE9fqAkxNN1JRwhPYBXfxRgCCFkmWl&id=100008164507532
Женската секција при МПЦ „Свети Илија“ од Мисисага го одбележа 8 Март
60
previous post