Home » „Кафана под ѕвездите“ – вечер исполнета со македонска песна, оро и заедништво

„Кафана под ѕвездите“ – вечер исполнета со македонска песна, оро и заедништво

by Simona Stoleska
4 views
Црковната управа на Св.Климент Охридски и оваа година го организира убавиот традиционален настан “Кафана под ѕвездите”.
Есенското време со свежата температура не беa пречка да се соберат повеќе луѓе отколку што имаше предвидено маси и столици, па тие беа постојано додавани во текот на вечерта.
Овој пат посетители беа и играорците од гостинстинското културно уметничко друштво “Гоце Маркоски” кое пристигна од Македонија и ќе има заеднички концерт со ансамблот “Македонка” на 19 Септември во големата сала на црквата Св.Климент Охридски.
Убавата македонската музика, вкусната скара и пријателските муабети беа поттик за расположение кое се круниса со ора и песна кои ечеа во оваа прекрасна вечер.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе