7
Состанок со Норвешкиот христијански совет (Norges Kristne Råd)
Во организација на Македонското православно здружение „Преподобна Параскева Света Петка“ – Осло, се одржа состанок со генералниот секретар на Норвешкиот христијански совет г. Хенрик Ерхард Хермансен (Henrik Erhard Hermansen), и неговиот заменик, г. Хокон Сигланд (Håkon Sigland).
На состанокот се дискутираше за развојот на македонската православна заедница во Осло и организираноста на верниците во Црковната општина. На состанокот покрај директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов присуствуваа Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен, Протојереј Ставрофор Блажо Кожарски, од Црковната општина во Малме и претставникот на Македонското православно здружение „Преподобна Параскева Света Петка“ – Осло, г. Александар Николовски


