Home » Македонската култура претставена на Ganesh Festival во Јужна Австралија

Македонската култура претставена на Ganesh Festival во Јужна Австралија

by Simona Stoleska
3 views

Неколку моменти од вчерашниот настап на Arts and Cultural Ganesh Festival of South Australia – UIOSA.

Бевме исклучително горди што на една ваква прекрасна сцена ги претставивме музиката, песната и орото од Македонија, претставувајќи ја македонската заедница од Аделаида и Јужна Австралија на најголемиот Ganesh Festival во Јужна Австралија.

Нашиот настап вклучуваше песни и ора од Егејска Македонија. Секогаш е привилегија да ја споделуваме македонската култура со пошироката заедница во Јужна Австралија, а уште поубаво е кога ја гледаме публиката како ракоплеска во ритам и ја прифаќа нашата култура заедно со нас.

Уште еднаш голема благодарност до организаторите на Ganesh Festival за топлото добредојде.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе