7
Денес беше посебен ден за учениците во училиштето по македонски јазик во црквата Св.Климент Охридски во Торонто – првиот училишен ден во новата учебна година.
Децата дојдоа радосни, повторно заедно по летниот одмор, поздравувајќи се на македонски јазик, онака како што ги учи нивната учителка Снежана Тесовиќ.
Овој пат имаат пет нови другарчиња, нови ученици во училиштето. Засега има 26 ученици, нo тоа не е конечниот број. За ваквиот успех на училиштето заслужна е учителката Снежана која со знаење и љубов го внесува македонскиот јазик во детските срца.
Денес за учениците имавме и мало изненадување – сликовници подарени од Оливера Јовановски, а дело од нејзиниот син Христијан Ангел Јовановски од Мелбурн, Австралија, кој ја напиша приказната “Мисијата на Спајк” кога имаше само 10 години. Ние сме многу благодарни за овој подарок кој ќе им помогне на учениците во изучување на македонскиот јазик.
На крајот, да известиме дека денес во црквата имаше акција за запишување нови членови во црковните секции вклучувајкји го и ова училиште.



