Home Активности на Агенцијата за иселеништво Работна посета во Швајцарија на Директорот на Агенцијата за иселеништво

Работна посета во Швајцарија на Директорот на Агенцијата за иселеништво

by Марко Стоименовски
274 views

Викендов во пресрет на празникот Василица, на 13 Јануари , Сабота беа одбележани 35 години јубилеј на мдд “МАКЕДОНИЈА” Ешалан. Свеченоста започна со трибина која беше водена од Директорот на Агенцијата за иселеништво. г-дин Слободан Близнаковски, а на која имаше и присутни членови од Македонскиот национален совет на Швајцарија , како и претставници и од останатите друштва. На трибината се разговараше за проектите и активностите кои Агенцијата за иселеништво ги организира.

Воедно во соработка со Државниот Архив на Македонија се постигна и договор за превземање на архивата која ја имаат во Ешалан за македонците и нивните активности низ годините во Швајцарија.

По трибината вечерта продолжи со веселба на која што Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, во своето обраќање се заблагодари за поканата за присуство на овој свечен настан, им ја честита Новата година , Божиќ и Василица , а на друштвото мдд “Македонија” Ешалан им подари икона од св Климент Охридски. Веселбата беше исполнета со прекрасна македонска музика и над 300 наши македонци кои имаа можност да се забавуваат и дружат.

На 14 Јануари, Директорот на Агенција за иселеништво оствари средба со раководството на Македонскиот национален совет во Швајцарија на која се постигна договор за идна соработка и комуникација во насока на подобрување на положбата на Македонските заедници во Швајцарија.

На 15 Јануари, по покана на заменк претседателката на Македонскиот национален совет беше остварена посета и средба со иселеници на Локарно во областа Тичино.

На 16 Јануари , во организација на претседателот на МНС беше реализирана посета на црквата св Наум во Тринген ,каде што Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски подари икона од светите учители Кирил и Методиј.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!