Home Соопштенија ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА СТОЈАН ХРИСТОВ

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА СТОЈАН ХРИСТОВ

34 views

ЈАВЕН ПОВИК

Почитувани!

Согласно надлежноста за помагање на културниот развој на иселениците, преку вклучување во Програмата на Струшките вечери на поезијата, Агенцијата за иселеништво секоја година ja доделува наградата „Стојан Христов“ за поетите иселеници.

За таа цел Ве замолуваме да ги известите членовите на Вашата организација кои се занимаваат со пишување на литературни дела и кои имаат издадено книга, збирка поезија, да се пријават во Агенцијата за иселеништво. Книгите со кои ќе се конкурира ќе бидат оценети од страна на стручното жири при Струшките вечери на поезијата, а паричната награда ќе ја додели Агенцијата за иселеништво.

Согласно Одлуката од страна на жири комисијата, наградата „Стојан Христов“ се доделува за книги објавени помеѓу две изданија на Струшки вечери на поезијата.

Заинтересираните поети, своите дела треба да ги испратат во Агенцијата за иселеништво до 1 јули 2023 година и тоа:

во електронска форма на  info@minisel.gov.mk

и печатено издание кое треба да се достави на следната адреса:

Агенцијата за иселеништво

Ул.Македонија бр.19

Скопје

Ви благодариме на соработката

Директор,

Слободан Близнаковски

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!