Денес Агенцијата за иселеништво ја посети младата поетеса Сара Оручи Мемедовска од Германија,во придружба на нејзиниот сопруг. На средбата со директорот Ангелов Сара информира дека е нова во творечките води, подготвува трета книга поезија, а веќе има и готови романи преведени на италијански јазик, на кој начин планира да ја промовира татковината преку творештвото надвор од Македонија. Како млад автор Сара се надева на поголема поддршка и препознатливост од страна на домашните литературни друштва, поети и писатели бидејќи своето творештво го врзува со љубовта кон Македонија и македонскиот јазик. Директорот Ангелов се заблагодари за посетата и подарените книги и информира дека Агенцијата за иселеништво преку програмите ќе продолжи да ја зацврстува врската помеѓу поетите кои творат во странство и својата татковина
Посета на младата поетеса Сара Оручи Мемедовска од Германија
5


