Home » Илинден во фокусот на наставата за децата од дијаспората во Летната школа по македонски јазик

Илинден во фокусот на наставата за децата од дијаспората во Летната школа по македонски јазик

by Simona Stoleska
3 views
На денешниот час по македонски јазик за децата од иселеништвото, во рамките на Летната школа за македонски јазик во организација на Агенцијата за иселеништво, а под покровителство на претседателот на Владата на Република Македонија, наставата беше посветена на еден од најзначајните датуми во македонската историја – Илинден.
Часовите ги реализираат професорките м-р Розита Закева и Ана Петровска, кои со посветен и современ пристап придонесуваат за квалитетна и инспиративна настава.
Преку интерактивен пристап и прилагодена содржина, учениците имаа можност да се запознаат со историското значење на Илинденското востание, како и со неговото место во колективната меморија на македонскиот народ.
Покрај историските теми, часот беше збогатен и со разговори за природните убавини на Македонија, нејзините културни и историски знаменитости.
Учениците активно учествуваа, споделуваа свои мислења и искуства, покажувајќи голем интерес и љубопитност.
Во креативниот дел од часот, децата изработија сопствени илустрации инспирирани од наученото. На овој начин тие ги изразија своите впечатоци за Илинден и културното богатство на Македонија, што претставуваше одличен начин за поврзување на јазичното со уметничкото изразување.
Летната школа продолжува да биде мост помеѓу татковината и младите генерации во дијаспората, негувајќи го македонскиот јазик, култура и традиција.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе