Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов и раководителот на сектор Билјана Костова остварија посета на Општина Крушево со цел утврдување на идна заедничка соработка од областа на културниот развој на иселениците. На средбата со советниците и раководителот на одделението за култура Елена Илиеска се утврдија деталите за претстојниот настап на двете фолклорни друштва од Австралија, КУД ,,Македонски бисери” од Волонгонг и КУД ,,Светлост” од Мелбурн, кој ќе се одржи на 3 јули на плоштадот во Крушево од 18:00ч.
Агенцијата за иселеништво и Општина Крушево договорија соработка за културниот настап на македонските фолклорни друштва од Австралија
60

