9
Ден исполнет со мириси и вкусови од македонската традиција на Музичко-етнолошкиот камп во Берово!
Учесниците, заедно со своите ментори, ги откриваа тајните на традиционалната македонска кујна и подготвуваа зелник, тегнета пита, мешана сезонска салата, пире од вкусниот беровски компир, месо со печен зеленчук и палачинки со мармалад од шумски овошја.


