Home » Македонската култура ги поврзува младите: Втор ден од проектот „Колаж на македонската култура“ во Пула

Македонската култура ги поврзува младите: Втор ден од проектот „Колаж на македонската култура“ во Пула

by Simona Stoleska
10 views
ДЕЦАТА СЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА НАШАТА ПРИКАЗНА – тие се чуварите на јазикот, културата и традицијата, но и мостот што ги поврзува Македонија и Истра!
Проектот „Колаж на македонската култура – Вкусови и простори на Македонија и Истра“ е кофинансиран од Министерството за образование и наука на Република Хрватска.
ВТОР ДЕН НА „КОЛАЖОТ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА – Вкусови и простори на Македонија и Истра“
Ден исполнет со нови доживувања, учење, дружење и културно поврзување!
Во рамките на нашиот проект, вториот ден го посветивме на откривање на богатото историско и културно наследство на Пула. Учениците имаа можност да ја посетат величествената Пулска арена, да уживаат во прошетка низ градот со стручно водство и одблиску да се запознаат со неговите знаменитости и историја.
Посебна чест и задоволство ни беше приемот во Комуналната палата, каде што бевме пречекани од заменик-градоначалникот Вито Паолетич и прочелничката Паола Орлиќ.
Од срце им благодариме на Вито Паолетич и Паола Орлиќ за топлиот прием, гостопримството и издвоеното време за нашите ученици.
Благодарност до Игор Јовановиќ.
Ваквите средби се многу повеќе од посета – тие се можност за учење, размена на искуства, запознавање на различностите и откривање на културните врски што нè поврзуваат.
Преку ваквите проекти, нашите деца учат дека јазикот, културата и традицијата се мостови што ги поврзуваат луѓето, градовите и народите.
Македонија и Истра – различни простори, богато наследство и заеднички вредности

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе