10
Македонски центар за граѓанско образование
Учење низ игра, раст низ предизвици: Промовирана е новата платформа со 21 дигитална игра креирани од нашите наставници!
Со одржувањето на завршниот настан од проектот „Играј и расти: Развивање на развоен умствен склоп кај учениците преку дигитална гејмификација“, официјално ги прославивме успесите постигнати со едногодишната образовна интервенција која се спроведе во 18 основни училишта, со ученици од четврто и петто одделение. На настанот ги презентиравме клучните резултати и преку панел-дискусија дискутиравме за можностите за системско вградување на овој модел во образовниот систем.
Што покажаа наодите од едногодишната интервенција?
• Се зголеми бројот на ученици кои развија развоен умствен склоп – верување дека способностите се градат со труд, упорност и вежбање.
• Најголем напредок е постигнат во способноста на учениците да го применат знаењето по математика и природни науки во нови и конкретни ситуации.
• Забележано е надминување на првичните разлики во постигнувања помеѓу учениците од урбаните и руралните училишта.
Наставниците, со поддршка на ментори, креираа 21 дигитална едукативна игра користејќи бесплатни и достапни дигитални алатки.
Платформата е тука за сите наставници! Линкот за пристапување е во првиот коментар.
Ги покануваме сите наставници, родители и образовни институции да ги искористат овие бесплатни алатки и да ги направат наставата и учењето интерактивни, забавни и достапни за секој ученик!
**Овој проект е овозможен благодарение на стратешкото партнерство со Фондацијата за деца „Песталоци“, која обезбедува не само финансиска поддршка, туку и стратешко насочување и менторство во управувањето со проектот, како и поддршка за организацискиот развој.