6
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Пимен, а по покана на македонскиот амбасадор во Полска, Јасмин Ќахил и господинот Петро Алексовски, имав чест да присуствувам на свеченото откривање на првиот македонски споменик во Полска, посветен на децата бегалци од Егејска Македонија.
Ова значајно дело претставува траен спомен на едно болно поглавје од нашата историја и потсетник на судбината на илјадниците деца кои биле принудени да го напуштат родниот крај.
Нека овој споменик биде вечен чувар на споменот, достоинството и историската вистина.
Со почит кон минатото и со благодарност кон сите кои придонесоа овој спомен да добие свое трајно обележје.



