Home » Во Охрид отворена Летната школа за македонски јазик за младите од дијаспората

Во Охрид отворена Летната школа за македонски јазик за младите од дијаспората

by Simona Stoleska
9 views
Денеска во Охрид ја отворив Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август 2026 година и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина.
Македонскиот јазик е нашиот идентитет, нашата култура и најсилната врска што не обединува, без разлика каде живееме. Затоа, особено е важно најмладите да го негуваат мајчиниот јазик и да ја продолжат љубовта кон Македонија.
На сите учесници им посакувам успешна недела исполнета со нови знаења, пријателства и убави спомени од Охрид.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе