9
Агенцијата за иселеништво на Македонија за првпат годинава организира музичко – етнолошки камп во Берово, на кој учествуваат 45 деца и млади од македонските заедници во осум европски земји. Во овие шест дена, младите преку низа работилници, екскурзии и дружење ќе ја откриваат македонската традиција и култура.