Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се сретна со група македонски студенти на престижните британски универзитети при нејзината посета во Лондон по повод 30-годишнината од воспоставувањето на македонско-британските дипломатски односи. Оваа средба беше организирана од македонската амбасада во Лондон. На средбата, студентите што ги стекнуваат своите знаења на универзитетите во Лондон, Манчестер, Бристол, Виндзор ја информираа министерката дека нивната заедница на стипендисти е најголема во Манчестер.
Средба со македонските студенти на британските универзитети
68