Социјалната страница “Македонска историска архива на Австралија”, чиј основач е историчарот д-р Ник Анастасовски од Мелбурн, содржи богатство на податоци и голем број архивски фотографии, што сведочат за животот и активностите на Македонците, доселени на петиот континент.
Страницата, како своевиден мост меѓу минатото и сегашноста, е неисцрпен извор на материјали за македонската дијаспора во Австралија, но и за сите истражувачи, историчари и хроничари на животот на македонските иселеници.