Home » Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија – верата и татковината неразделни во срцето на Македонецот

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија – верата и татковината неразделни во срцето на Македонецот

by Simona Stoleska
5 views
ИЛИНДЕНСКИ СВЕЧЕНОСТИ ВО АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА – ВЕРАТА И ТАТКОВИНАТА НЕРАЗДЕЛНИ ВО СРЦЕТО НА МАКЕДОНЕЦОТ
Каде и да живее Македонецот, со себе ги носи својата православна вера, љубовта кон Македонската православна црква – Охридска архиепископија и неизгасливата приврзаност кон својата татковина. Така беше и оваа година, кога низ сите црковни општини на Австралиско-сиднејската епархија достоинствено и молитвено беше одбележан големиот црковно-национален празник – Илинден.
Во сите храмови беа отслужени Свети литургии, на кои беше прочитано Илинденското послание на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Во својата порака тој истакна дека трите Илиндени – 1903, 1944 и 1991 година – се сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и за стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Притоа потсети дека „слободата не е трајно стекнато право, туку вредност што мора постојано да се брани и зачува“, повикувајќи го народот да се врати кон верата, правдата, честа и достоинството.
По светите богослужби, во сите црковни општини беа организирани пригодни духовни, културни и забавни програми, на кои бројни верници, деца и гости заеднички го прославија големиот празник. Со свечените академии, културно-уметничките настапи, народните веселби и братските трпези уште еднаш беше потврдено дека македонските православни цркви во Австралија се живи чувари на православната вера, македонскиот идентитет, јазикот, културата и илинденскиот завет.
Нека е за многу години празникот Илинден!
Бог да ја благослови Македонија и македонскиот народ, каде и да живее!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе