До „РЕЛИГИЈА МК“
ПОЧИТУВАНИ!
Во врска со информација на вашиот портал дека, цитираме: Агенцијата за иселеништво јавно ја поддржува Декларацијата за наводна заштита на името на МПЦ-ОА, организирана од една политичка партија и Владиката Петар преку Епархијата што ја администрира во Австралија, ве известуваме дека:
Агенцијата за иселеништво на својата интернет страна пренесува информации и објави на иселеници и иселенички организации без рецензија и не стои позади содржините на истите. Секоја информација или вест има наведено извор и истата е објавена во согласност на правилата и политиките на изворот, било да е друг портал, медиум, иселеничка интернет страна или фејсбук профил.
Во предметната објава за декларацијата, истата е пренесена од страна на фејсбук профилот на „Македонска Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд“, што за Агенцијата за иселеништво е иселеничка организација како и сите други, поради што самата објава е сместена во рубриката „Иселенички страни“, „АВСТРАЛИЈА“ како и сите други вести кои се превземени од организации од Австралија.
Агенцијата за иселеништво не објавува содржини со политички карактер и не пренесува ставови на ниту една политичка партија, ниту пак навлегува во внатрешните работи и ставови на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија.
Со почит,
Директор
Слободан Близнаковски