Home Иселенички Страни Одбележувањето на храмовата слава и 20 годишнината од осветувањето на храмот „Св. Кирил и Методиј”, во Сидер Гроув, Њу Џерси

Одбележувањето на храмовата слава и 20 годишнината од осветувањето на храмот „Св. Кирил и Методиј”, во Сидер Гроув, Њу Џерси

71 views

Со благослов од надлежниот Епархиски Архиереј на Американско-канадската Македонска Православна Епархија, Митрополитот Методиј, на 24-ти Мај, 2024 лето Господово, на денот на македонските и сесловенски просветители и учители Светите Кирил и Методиј, а по повод одбележувањето на Храмовата слава и 20 годишнината од осветувањето на храмот, во МПЦ-ОА „Св. Кирил и Методиј“, во Сидер Гроув, Њу Џерси, беше одржана свечена прослава.

Во рамките на прославата се претставија КУД „Гоце Делчев“, со кореодрамата „Рајна Војвода“ – приказна за храброста на Македонската жена за нашиот вечен непокор и борбата за слобода, а учество земаа и дечињата од Училиштето по македонски јазик и веронаука.

„Денес, овде далеку од своите огништа, со посебен пиетет го чествуваме денот на великите Рамноапостолни сесловенски македонски просветители и учители Светите Кирил и Методиј основоположниците на сесловенската писменост. Одбележувањето има посебна симболика зошто пораките ги упатуваме од овој простор, а одекнуваат громогласно во светот, но и во нашата татковина Македонија“.

 

Известува: о. Горан Трпчевски
Извор на следниот линк.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!