Денес литературното друштво “Браќа Миладоновци” од Торонто направи промоција на три книги од авторот Славе Катин: “Американски син на Македонија”, “Сиљан Мицевски” и “Творештвото на Славе Катин”. Промоцијата беше во просториите на црквата Св.Климент Охридски и на неа присуствуваа членови од литератирното друштво и од црковната општина.
Промоцијата ја водеше Соња Лозановска, промотори беа Драгица Димовска, Мери Отов и Зоран Карапанчев, а свој настап имаше и Славе Катин.
Промоцијата беше отворена со поздравни говори на претседателот на црквата Борис Стојкос и свештениците отец Александар Тодоровски и отец Јован Босеовски.
Присутните имаа можност да купат одбрани книги од богатото творештво на авторот.
https://www.facebook.com/groups/203897086311812/posts/6451408191560639
Литературна промоција во МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто
43