9
Ни претставува особено задоволство да ја објавиме радосната вест – основање на првото македонско Детско литерaтурно друштво !
Веруваме дека основањето на Детското литературно друштво „Браќа Миладиновци“ – Торонто има значење што оди многу подалеку од самото литературно творештво. Тоа создава можност децата да го почувствуваат македонскиот јазик не само како наследство од своите родители, туку и како свој јазик, преку кој можат да ги изразуваат сопствените мисли, чувства и соништа.
А токму тоа е најважно за опстанокот на еден јазик во дијаспората — новите генерации да го прифатат, да го сакаат и да го користат.
Се надеваме дека еден ден некое од овие деца ќе стане познат македонски писател или поет и со гордост ќе се сеќава дека своите први литературни чекори ги направило во Торонто, во друштвото што го носи името на браќата Миладиновци.
Јазикот живее додека има кој да го зборува, но неговата душа се зачувува преку литературата.
Нека македонскиот збор живее и се пренесува од генерација на генерација !