6
На 12.07.2026 година, кога го прославуваме големиот празник Светите славни и сефални Апостоли Петар и Павле – Петровден, ве покануваме заеднички, во молитва и радост, да го одбележиме овој благословен ден.
09:00 часот – Воскресна утрена
10:00 часот – Света Божествена Литургија
По Светата Литургија ќе следува молебен канон за децата, со благодарност кон Бога за успешно завршената учебна година и молитва Господ да ги благослови со здравје, мудрост, духовен раст и благословено лето.
Потоа нашите најмлади ќе приредат кратка културно-уметничка програма, во која преку рецитации, музички изведби и други точки ќе го одбележат крајот на учебната година.
По завршувањето на програмата ќе продолжиме со заедничка празнична трпеза, дружење и друштвени игри за децата. Како и секоја година, за сите најмлади ќе бидат подготвени скромни подароци, дарувани со голема љубов.
Во духот на љубовта и заедништвото, дојдете заедно да го прославиме големиот празник на Светите Апостоли Петар и Павле, да Му заблагодариме на Бога за успешно завршената учебна година и да им посакаме на нашите деца благословено, радосно и безгрижно лето. Со радост ве очекуваме!